Во Струмица поголем поголем интерес за гласање имаше во утринските часови

Изборниот тек на гласањето во Струмица и натаму тече мирно и без никакви промени досега – информираа за Алфа од Општинската изборна комисија од Струмица. Оттаму додаваат дека и нема пријавено ниту инциденти и се тече како што треба.

Короната пак, не ги исплаши Струмичани да излезат да гласаат, а на прашањата што очекуваат од новата Влада, мислењата беа поделени.

Според информациите на ДИК до 17 часот, излезноста во Струмица изнесува 40,98%. Во споредба со претходните парламентарни избори во 2016-та година, до 17ч. излезноста изнесувала 66,2%, а до 19ч. 71,96%.

Во Струмица право на глас имаат 49,341 граѓанин а се гласа на 83 избирачки места – соопштија од Општинската изборна комисија од Струмица.

Дијана Тасева

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста