Во Струмица поголем интерес за гласање имаше во утринските часови

Корона кризата не ги исплаши Струмичани да излезат да гласаат. Иако се создаваа редици на одредени избирачки места, сепак граѓаните рекоа не чекале многу. Поголема раздвиженост имаше во утринските часови.

Од општинската изборна комисија во Струмица рекоа дека нема пријавено никакви инциденти во текот на денот, а истото го потврдија и од СВР Струмица.

Според информациите на ДИК до 15 часот, излезноста во Струмица изнесува 33,79%, во Босилово 15,20%, во Василево 28,84%, во Ново Село 26,85%, во Радовиш 26,82%, во Конче 23,72%, во Валандово 35,35%, во Дојран 32,91%, во Богданци 33,30%, и во Гевгелија 43,33% .

Во Струмица право на глас имаат 49,341 граѓанин а се гласа на 83 избирачки места – соопштија од Општинската изборна комисија од Струмица.

Дијана Тасева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста