ВО СРБИЈА БЕЗ ОРГАНИЗИРАН ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА, РЕСТОРАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ДО 18 ЧАСОТ

На 31 декември и 1 јануари рестораните и кафулињата во Србија ќе бидат отворени до 18 часот, а прехранбените објекти до 20 часот и нема да има организиран дочек на новогодишна ноќ. Сите прехрамбени продавници и трговските центри можат да работат до 20 часот. По 1 јануари, угостителските објекти можат да продолжат да работат до 20 часот. Деталите за новите мерки за Новата година ќе бидат соопштени после 15 часот, по седница на владата на Србија.