Во спомен на Вејце-одбележани 20 години од масакрот во кој загинаа 8 припадници на АРМ

Осумтемина загинати припадници на безбедносните сили на Македонија во масакрот кај тетовско Вејце, денеска повторно добија нова спомен плоча.Беше поставена на местото каде ѕверски беа убиени во заседа,на денешен ден пред точно две децении, за време на конфликтот.Во знак на сеќавање,Одборот на бранители им оддаде почит и положи свежо цвеќе.

Осумтемина загинати бранители,четворица од Битола, двајца од Скопје и по еден од Куманово и М.Каменица, заедно со уште шестмина кои преживеаја, беа нападнати од заседа движејќи се меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот  пат. Шесттемина преживеани биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.   Одоборот на бранители одбележувајќи го овој црн ден во поновата македонска историја, повторно ги потсетија надлежните,дека хероите и нивните семејства, се речиси заборавени.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста