Во Скопје за 24 часа, 70 нови хоспитализирани пациенти

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1392 пациенти со Ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 70 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 823 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало три примени пациенти и двајца биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и две деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 277 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 117 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 лица. 

На Клиниката за Детски болести има 27 пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот и 10 на ГАК.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста