Во Скопје на големо се копа, граѓаните нервозни – велат никаде не се стига

Раскопани и недоправени улици, колони возила и гужва во центарот на Скопје. Колони возила, нервознишофери, хаос во центар. Градежните активности, за реконструкција на улиците, продолжија и денеска. Граѓаните нервозни, прашуваат зошто во текот на летото не се правеле улиците туку баш сега кога фреквенцијата е поголема.

Ваква е сликата во главниот град веќе подолго време. Центарот на Скопје, околните населби, но и индустриските зони се затрупани во ѓубре поради раскопаните улици кои никако да се направат како што треба.

Граѓаните нервозни. Велат не можат никаде да стигнат. Прашуваат зошто улиците не ги направиле во летниот период кога немаше толкава фрекфенција, туку мора сега.

  • Абе ова е катастрофа, ваква гужва не паметам од порано, ова е лудо, нервоза колку сакаш, па ова можеше порано да се направи, така што мислам дека нее за оправдување, се жалат граѓаните пред камерата на Алфа.

Колони од возила и нервозни возачи има секаде низ Скопје. Нервозни возачи, алармираат дека ова ги преминало сите граници.

Алфа го праша градоначалникот на Скопје зошто се копаат улиците кога е најголемиот шпиц и зошто тоа не го прават за викендите, па првиот човек на Скопје, наместо конкретен одговор, ја нападна Алфа дека сме поставувале незгодни прашања.

Копањето продолжува. Веќе од утре ќе се раскопуваат улици во Капиштец. Возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа, а од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста