Во Штип двајца здравствени работници заразени и шестмина во изолација

Со маски на лицето, најчесто движејки се сами….вака денес  изгледаа дел од штипските улици.троцифрениот број на заболени од кои добар дел се од текстилната гранка штип го искачи високо на листата на градови со најмногу ативни случаи. Иако исплашени, граѓаните со став,дека некој мерки требаше да се воведат порано, со што ќе се спречеше бројот на заболени да ескалира…

Виновници за растот на кривата, посебно во Штип не треба да бараме.виновни сме сите ние, рече првиот човек на штипската болница, апелирајки граѓаните да ги почитуваат препораките и да не веруваат на вестите дека вирусот не постои..

Според епидемиолошките анкети, најголем дел од сега новозаболените се вработени во конфекциите. Вирусот мегу нив се ширел додека биле на работа, приватно дружејки се, како и  користење исти простории за исхрана и автобуски превоз. Уште на самиот почеток на пандемијата здружението Гласен текстилец укажуваше на ова, барајки сите конфекции одреден период да бидат затворени. Наспроти тоа имавме слика кога работничките работеа и во време на полициски час, а се возеа и во автобуси каде не се почитуваше дел од законот, а тоа е дека можат да се превезуваат патници,најмногу 50% од вкупниот број на седишта .

Александра Ристевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста