Во САД започна тестирањето на лек против коронавирус

 

Лек кој би можел да биде успешен во лечење на ковид 19 се тестира на пациенти во повеќе градови во САД, соопштија од фармацетската компанија Регенерон.

Ова е прво тестирање на коктели со антитела на ковид-19 во Америка, објави Си-Ен-Ен. Ако тестирањето се покаже како успешно, Регерон се надева дека лекот би можел да биде достапен уште на есен.

Клиничките испитувања започнаа во средата, а компанијата најавува дека лекот ќе се тестира на 4 групи пациенти: оние хоспитализирани со ковид-19, оние кои имаат симптоми на болеста, но не хоспитализирани, на здрави лица кои се во групата на ризик да се разболат. и на здрави луѓе кои биле во близок контакт со заразено лице.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста