Во САД изборот на музиката и спортот зависат од политичкото однесување на граѓаните

Во Соединетите Држави линијата помеѓу политиката и спортот и забавата станува се позамаглена. Луѓето ги бираат пејачите кои слушаат и филмовите и сериите кои ги гледаат во зависност од своето политичко убедување.

Нејт Пеџет живее на две илјади километри од неговиот брат Хејдан. И нивните политички ставови се толку многу одвоени.

Многу ретко се согласуваме за политика-вели Нејт Пеџет, жител на Њујорк.

Браќата пораснале во дом кој ја поддржува Републиканската партија, но кога Нејт се вратил од колеџ за еден празник настанала кавга.

Започнавме расправија за политика. И тогаш сите сфативме дека тој не е како нас-рече Хејдан Пеџет, жител на Тексас.

Мислењата на овие браќа за музиката, телевизијата и другите форми на забава ги отсликуваат нивните политички погледи.

Не ги бирам уметниците според нивните политички погледи, но би рекол дека гравитирам кон, на пример, песни кои имаат политичка и социјална порака со која се согласувам-рече Нејт Пеџет, жител на Њујорк.

Хајден, пак, вели дека не сака серии и филмови кои имаат агенда.

Почнувам са се самоцензурирам и она што го гледам кога ќе почувствувам дека ми проповедаат за политика-вели Хејдан Пеџет, жител на Тексас.

Но, Холивуд се почесто вметнува социјален коментар во своите филмови и серии кои стануваат се пополитички, вели професорката од Универзитетот на Јужна Калифорнија, Кристина Белантони.

Гледаме вистински напори да се вклучат различности во приказните, во сериите кои повеќе ги гледаат лево ориентирани луѓе. Има сценаристи во Лос Анџелес кои се обидуваат да го направат тоа и да влијаат-рече Кристина Белантони, Универзитет на Јужна Калифорнија.

Политиката влијае и на спортските настани.

Колин Каперник стана еден вид спроводник, спортот беше обединето нешто-рече Кристина Белантони, Универзитет на Јужна Калифорнија.

Во 2016-та рагбистот Колин Каперник клекна за време на изведувањето на химната како протест кон полициската бруталност кон малцинствата. Многу професионални спортисти го следеа неговиот пример.

Си помислив, супер, тоа е многу добро-рече Нејт Пеџет, жител на Њујорк.

Мојот проблем со Колин Каперник не е тоа што клекна туку тоа што откако го направи тоа престана да игра добро-вели Хејдан Пеџет, жител на Тексас.

Кога се случи тоа, политичките тензии пораснаа. Некои го оспоруваа правото на искажување протест.

Нели би сакале да видите некој од сопствениците на клубови, кога некој нема да го почитува нашето знаме, да каже: тргнете го тој никаквец од теренот, веднаш!-кажа Доналд Трамп, поранешен претседател на САД.

Доналд Трамп го засилува ова. Уште од почетокот. Тој е некој кои ги разбира масовните медиуми. Може да ги мотивира луѓето да бојкотираат или да поддржуваат нешто, доколку се политички се согласуваат со него-велиКристина Белантони, Универзитет на Јужна Калифорнија.

Искрено не сакам нашите спортисти или забавувачи да ми ги кажуваат нивните политички мислења-велиХејдан Пеџет, жител на Тексас.

Кристина Белантони смета дека доаѓањето на новиот претседател не значи и дека светот на забавата и спортот ќе биде помалку поделен. Објаснува дека многу Американци кои велат дека се уморни од политиката само ги засилуваат поделбите преку нивните секојдневни избори.

Особено кога станува збор за нивните социјални кругови. Тие повеќе се поврзуваат со луѓе кои маат исти политички погледи, а тоа го стеснува фокусот на она што го консумираат-рече Кристина Белантони, Универзитет на Јужна Калифорнија.

Ова е само еден од сегментите кои ја отсликуваат длабоката поделеност во американското општество.

Се позамаглените граници меѓу политиката и спортот и забавата не се изненадување. И самиот Доналд Трамп стана многу попознат преку учество во реално шоу пред петнаесетина години.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста