Во Прилеп доделени сертификати на 29 возрасни лица – повратници од странство кои си го дооформија основното образование-

Во Прилеп доделени сертификати на 29 возрасни лица – повратници од странство кои си го дооформија основното образование-

Министерството за образование и наука во моментов работи на реформирањето и унапредувањето на пет нови закони: Закон за основно, Закон за средно, Закон за средно стручно образование, Закон за образование на возрасни и Закон за национална рамка на квалификации, најави денеска од Прилеп, ресорната министерка Весна Јаневска. Тие веќе биле ставени на Јавна расправа, по што, некаде во ноември, се очекува и нивното гласање во Парламентот.

Закон за средно стручно образование досега немавме, а е неопходен за да ги дозаокружиме процесите на учење преку работа и учење во дуални паралелки што е исклучително значајно за нашата држава. Исто така и Закон за средно образование каде што повеќе од 20 години немаме никакви промени, а треба да ги направиме во правец на модернизација на нашето општество и приближување кон ЕУ“ – истакна Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

  Според Јаневска, во Македонија, и во овој 21 век, бројот на необразовани луѓе е недозволиво висок, заради што и се прават тие измени во Законот за образование на возрасни. Во таа насока е и Проектот за дообразување на возрасните лица – повратници од странство, со поддршка од УНДП, благодарение на кој денеска во Прилеп беа доделни 29 серификати за завршено основно образование токму на вакви лица.

 „Навистина се радувам што ги имаат овие можности, што УНДП ни помага да го оствариме ова, затоа што очекувам после стекнатите знаења тие да си го подобрат личниот живот, но секако да и’ помогнат и на сопствената татковина“, – кажа министерката Јаневска.

 „И за формалното, и за неформалното образование сметаме дека ова е одлична можност која што им ја зајакнува реинтеграцијата целосно во општеството на кое што припаѓаат. Пристапот до основното образование се смета за основно човеково право и сметаме дека секој граѓнин на оваа земја треба да го поседува“, – рече Армен Григоријан, постојан претстваник на УНДП.

Бев во Белгија долго време и кога се вратив овде не ми беше признато школото и се обратов во ООУ „Добре Јовановски“. И таму имаше проект за 9-то. Сакам да земам и средно, зошто да не напредуваме?!“, – вели Кевин Рашидоски.

  ООУ „Добре Јованоски“ е единствено основно училиште во Прилеп каде што можат да учат возрасни повратници од странство и досега во двата циклуса со вакви сертификати се здобиле 51 лице. На ниво на општина пак, има околу 5.000 луѓе кои имаат недооформено основно образование.

Каролина Дурло    

                                                                                             

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста