Во Преспа езерото се повлекува, планинските извори пресушуваат

Водите на Преспанското езеро драматично се повлекуваат и неколку месеци нема врнежи на дожд. Деновиве, екипата на АЛФА обиколи неколку дестинации, каде што крајбрежието с`е повеќе и водата се исцедува по  хоризонталата, па на неколку појаси достигнува по километар до два.

          – Во моментот состојбата е алармантна особено на водостојот во Преспанското езеро. Последните наши информации од пред неколку дена, водостојот изнесува минус пет и пол метри од нултата кота- рече Ајман Ал Малла, раководител по животна средина во Општината Ресен.

          Причини за овие драматични состојби има повеќе- од  антропогени фактори, климатските промени, с`е до неодговорно управување и експлоатација со водите. Сега, веќе пресушуваат и планинските водотеци, поради што, ќе пресушат и бунарите од кои овоштарите наводнуваат.

          – Над 80% се пресуштени помали извори на Галичица, а веќе се случува пресушување или спуштање на минимално ниво на изворите на Баба планина. Овоа досега не го паметат ниту најстарите житли и сето тоа се должи на долгиот сушен период , немање снег и врнежи. Тоа ќе биде проблем во следните две до тригодини- рече овоштарот Љубе Пмашулевски.- Реките се исушија, оти нема врнежи, ниту снег. Изворите не можат да се наполнат поради тоа. За нас овоштарите ќе има штета оти бушотините ќе останат без вода- рече овоштарот Насер Љумани.

          Надлежните, овие состојби во планинските појаси на Баба планина и Галичица ги немаат согледано до крај, но сушата според нив е клучниот фактор.

  • Точни информации во моментов не можам дададам околу состојбата на изворите на Баба планина и Галичица, но ако ја гледаме состојбата, стотина дена ние не видовме дожд во Преспанскиот регион- рече Малла.

Дали и колку надлежните ќе се заангажираат за спас на езерото, тешко е да се претпостави. Во најава, велат дека во наредната година ќе се прави елаборат за состојбите и причините што ги предизвикаа овие катаклизматични состојби, што реално може да биде доцна. А згора на с`е, власта четири месеци езерото го остави без концесионер кој треба да се грижи и стопанисува со рибниот фонд. С`е упатува на неповратни последици, кои објективот на нашата камера реално ги навестува. –  Оваа апокалиптична слика зборува за еколошка катастрофа, а можеби и за еден многу , многу поголем и долгогодишен егзодус.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста