Во предизборие се забранети исплати на граѓаните надвор од редовните, но изгледа тоа не важи за актуелната власт

Третиот владин сет мерки освен што дел од експертите го нарекуваат легален поткуп пред избори, се коси и со законот за спречување корупција и судирот на интереси , предупредуваат правниците.

Познавачите на правото  велат дека владините правници изгледа заборавиле да ја стопираат важноста на членовите 33 и 34 кои предвидуваат забрана за вонредни исплати во период од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори за пратеници до денот на завршувањето на изборите.

Во членовите меѓу другото стои дека не може да се користат средства од буџетот за исплати на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци кои не се редовни исплати. А во третиот сет мерки се предвидени вакви исплати, заради што експертите предупредуваат дека антикорупциска комисија треба да отвори предмет.

  • Предметот треба да оформи против одговорните лица во владата со цел да се спречи владата во намерата да го тера очигледниот предизборен поткуп на терен.Исплатата на третиот пакет мерки во време на вонредна, но и предизборна состојба е  спротивна на Законот за спречување на корупцијата, бидејќи чл. 34 од Законот важи, односно не е престаната важноста на овој член со уредбата за прашањата од изборниот процес како што е случајот со чл. 8-а од Изборниот законик.Токму поради ова платежните картички за граѓаните и другите мерки предвидени од владата се во целосна спротивност со чл. 34 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси – вели Тања Каракамишева – универзитетски професор .

Професорката вели дека ваквиот модел на поткуп, СДСМ го прават во недостаток на идеи што да им понудат на гласачите.

Веќе и официјално владата потврди дека предизборно ќе дели 355 милиони евра како помош за граѓаните, од опозицијата пак велат ова не било помош за граѓаните и компаниите погодени од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста