Во пожар во училиште во Либерија загинаа најмалку 27 лица

Најмалку 27 луѓе загинаа, од кои поголемиот број деца при пожар во училиште во главниот град на Либерија, Монровија.

Се претпоставува дека пожарот избил рано наутро додека учениците во куранското училиште спиеле во зграда во близина на џамијата.

Се претпоставува дека пожарот е предизвикан поради дефект на електричната инсталација.