Во повеќе градови почуствуван земјотрес со епицентар во Кожани

Двата земјотреси што се случија денеска во Кожани, соседна Грција беа почуствувани и во Охрид, Струга, Битола и Ресен. Епицентарот на земјотресите биле на 220 километри јужно од Скопје во соседна Грција и потекнуваат од епицентралното подрачје Кожани.

Првиот земјотрес се случил во 12 часот и 50 минути со Рихтерова магнитуда 5.0, додека вториот во 12 часот и 59 минути со Рихтерова магнитуда 4.0.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија Природно-математичкиот факултет во Скопје, првиот земјотрес бил особено почуствуван во југозападниот дел и тоа во Охрид, Струга, Битола и Ресен со интензитет четири степени според Европската макросеизмичка скала, во Кичево и околината со интензитет од три до четири степени, а во Скопје и дел од источниот дел од Републиката со интензитет од три степени.

Додека пак, вториот земјотрес бил почувствуван во Битола и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.