Во понеделник ќе се знаат производите чии цени ќе бидат замрзнати

Во понеделник ќе се знаат производите чии цени ќе бидат замрзнати

Есенската потрошувачка кошница ќе биде позната од понеделник, како и замрзнувањето на цените и ограничувањето на  маржите, најави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска, кој престојува во посета на Гостивар.

„Денеска, рабоотната груба од министерствата за економија, за земјоделство и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, в понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека покрај есенска, ќе има и пролетна кошничка, истакнувајќи дека Владата е подготвена да му излезе во пресрет на стопанството со одложување на примената на Законот за нефер трговските практики.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста