Во Охрид се закажуваат концерти на непостоечки стадиони

Во туристички Охрид во време на пандемија, се закажуваат коцерти на звучни домашни но и странски музички имиња и изведувачи. Покрај стандарните сцени на Античкиот театар, Долни Сарај и Спортско рекретивниот центар “Билјани извори”, се закупуваат и приватни локации кои не исполнуваат ниту елементарни услови за одржување на било каков собир,а камоли за концерт. Оние кои ги организираат истите, не бираат начин нити сретства,само да ја остварат својата цел. Охриѓани но и гостите кои одмараат на ривиерат ги прашавме дали ова е погодно време за концерти?

„Апсолутно не, затоа што во време на пандемија сите треба да си останеме дома и концертите треба да бидат забранети се додека ова лудило не помине.Јас живеам во Англија, тука сум на одмор, Вимблдон се откажа за догодина кој што носи милионски суми, да не спомнувам концерти, земја каде што фудбалот е број еден, сите настапи, фудбалски натпревари беа откажани“, вели нашата соговорничка.

„Јас мислам со соодветна заштита можат да се организираат концерти“, сметаат дел од граѓаните.

Дел од концертите за кои сеуште нема официјална потврда од пазарната инспекција дали се откажни, како што пишува на плакатите,треба се одржат на стадион “Горица”,но таков стадион во Охрид не постои.

Ова е локацијата на која треба да има неколку концерти.Нивното одржување сеуште е неизвесно, бидејќи од пазарната инспекција крајно неодговорно, не се одважуваат да соопштат дали концерти ќе има. Од полицијата велат дека до сега никој не побарал одобрение за одржување на концерт.

Нема одговор од пазарната инспекција дали има и кој го склучил договорот за одржување на концертите за кои се продаваа карти, чија е оваа локација и кој ќе сноси одговорност ако ситуацијата излезе од контрола на просторот воопшто не е заграден, нити уреден.

„Знаеме дека од еден коцерт излегуваат доста пари и знаеме како излегуваат, од карти,од пијачки од одредени реклами. Сето тоа доведува да одреден број на луѓе својот начин на зараборувачка да го акцентираат точно на тоа. Кога се заработува, целта ги оправдува сретствата кога треба да е се заработат пари никој ништо не бира, бараат начин како ја изиграат државата, да го изиграат законот“, вели Гордана Јованоска-дир.на Ј.П.”Билјанини извори”.

Од СРЦ “ Билјанини извори” каде ќе се одржат два концерти, велат дека нивна задача била само да ги изнајмат терените, организаторот е должен да го почитува протоколите,а УЈП и пазарна инспекција да санкцонираат. Ако надлежните оценат дека организаторите не можат да се организираат, ние ќе ги раскинеме договорите.

Општината пак се огради – не биле надлежни за останатите јавни локации во Охрид каде што се закажани концертни случувања и други настани на отворено и не можеле да дадат информации за нивната организација и почитувањето на пропишаните протоколи. Но,касарната е под капа а општината, а таму и тоа како се закажани концерти. Ова музичка треска во Охрид започнува од крај на овој па се до втората половина на месец август.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста