Во Охрид се уриваат објектите долж плажите – сопствениците обвинуваат за двојни стандарди

По безмалку една година пауза на прагот на летото,продолжува акцијата за рушење-овој пат на потегот од Метропол до Петашани се рушат платформите и објектите на плажите вдолж крајбрежјето.Довчерашните концесионери најавуваат тужби против општина Охрид. Имаме велат правни аргументи со кои ќе докажеме дека ова што се прави е голема неправда.

Браво за градоначалникот, ако не може да биде запаметен по градење, по рушење ќе биде сигурно.Најверојатно со рушење сезоната ќе  биде подобра.Околу најавата можам да кажам дека ние како последни концесионери воопшто не бевме известени, фирмата што концесионира со  “Акапулко” што значи ќе се видиме во судските ходници – вели Љупчо Нечкоски-концесионер.

Ќе мора да тужиме затоа што ако ни срушат се’ тука и ако не ни дозволат понатаму да ја користиме оваа плажа, бесмислено е да го држиме хотелот.Тогаш предлагам општина Охрид нека го купи хотел ‘’Лагадин’’ и нека го работи без плажата.Ние овај хотел го направивме затоа што е покрај самата плажа,иначе јас сум битолчанка и ќе го направме Пелистер,бесмислени работи се случуваат – вели Даница Баческа-концесионер.

Последно нешто со кое требаше да се справува општината се плажите.Наместо да се зафатат со дивградбите и претераната урбанизација, ним плажите им се трн во око,додаваат концесионионерите.Тие обвинуваат дека и оваа акција се спроведува со груба селективна правда.

На Унеско најверојано му пречат мали, ниски шанкови не му пречат згради покрај езеро така да тука нема спас.Се’ што се малу објекти треба да паднат,додека зградите и изградените и тие што треба да се градат допрва ќе се изградат , ќе останат, затоа што во зградите има многу станови  знаете, а овде во шанковите ситна работа – вели Љупчо Нечкоски-концесионер.

Од општина Охрид велат дека постапувале по препораките на Унеско и дека отстранувањето на бесправните градби на крајбрежјето ќе ги опфати сите правни и физички лица кои добиле решение за рушење од градежниот инспекторат.Ќе бидат отстранети сите објекти кои ја загрзуваат животната средина и ги деградираат уникатните вредности на регионот-стои во соопшението од Општина Охрид.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста