Во Охрид „се мава“ по дивоградбите, Струга никој не ја чепка – на секое слободно местенце се гради

Во ек на сезона додека механизацијата пустоши на охридското крајбрежје, од акцијата за уривање на дивоградби на струшките плажи, нема ништо.Напротив,последниве два месеци забрзано се врши урбанизација на крајбрежјето,се приграбува секоја слободна површина, а надлежните не вршат никаква контрола ниту надзор на градбите кои никнуваат,на плажите.Угостителските објекти и шанкови цел ден работат ,а плажите се послани со лежалки. Невладините организации бараат одговорност од надлежните за ваквата селективност -каде е велат Националната комисија на Унеско, ќе го санкционира ли некој ваквото безумно однесување на Мерко? Тој е обврзан велат невладините, да ги спроведува сите препораки од реакривната мониторинг мисија.

  • Според тоа,тој е обврзан да изработи регистар на дивоградби во рамки на неговота општина и понатаму да изработи план за нивно соодветно отстранување.Непочитањето на овие препораки повлекува регионот да биде неповратно уништен. Користењето на одлуката на Уставниот суд како оправдување за неспроведувањето на законите, е всушност целосно во служба на урбаната мафија и претставува бесмислен изговор вели Драгана Велкоска-Охрид СОС.

Изговори за уништувањето на Унеско регионот повеќе не смее да има,вели Велкоска и потсетува на заедничката препорака на најголемата меѓународна мрежа за заштита на природата IUCN и меѓународниот совет за културно наследство ИКОНОМОС, кои бараа охридскиот регион да се премести на Листата на светско наследство во опасност.

Градоначалникот Мерко,кој денес не беше достапен за коментар уште во месец мај најави дека не само што нема да дозволел државата да руши, туку без око да му трепне, кажа дека ќе продолжел со градежната експанзија.

  • Ние сакаме да градиме, не да рушиме.Ние ќе му кажиме да доградиме уште, не да рушат.Владата ќе реагира како ние ќе кажеме ,сигурно има така да каже, затоа ние знаеме, ние сме локална власт.Што сме ние,не може преку сила некој да дојде и да каже.Значи треба да е подобрат условите, овие работи Вас и на овие многу невладини кои ги имате во Охрид и ја напаѓаат Струга,нас  за тоа баш не брига изјави Рамиз Мерко-градоначалник на Струга од 20.05.

Комитетот за светско наследство даде уште една шанса Охрид и Струга да покажат вистински напредок во исполнување на забелешките на УНЕСКО,а тоа е справувањето со нелегалната градба,неконтролираниот урбан развој,експлоатацијата на крајбрежјето,уништувањето и загадувањето на животната средина. Поради корона кризата,новата сесија на Комитетот за светско наследство е одложена за идната 2021-ва година.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста