Во Охрид пак ќе се гради на местото на урнатите дивоградби

Откако срамнаа со земја се’ што беше изградено и поставено вдолж крајбрежјето, општината Охрид сега нуди две идејни решенија за изглед на плажите кои пристигнале на објавниот јавен повик. Замислата е Агенција за просторно планирање да го доврши израборувањето на  урбанстички план за крајбрежје согласно кој ќе бидат дефинирани локациите,а Општина Охрид да изгради објекти од отворен тип,како  шанкови од дрвени матерјали покриени со трска,и да се постават лажалки.Вака уредените плажи на јавна аукција да ги изнајмува општина секоја година, ти месеци во годината, наредната со истат плажа да стопниузва друг.Ова за довчерашните концесиоснери е непојмливо.

Се поставува прашањето ако ги ослободивме плажите, ако се фалевме дека им ги вративме на граѓаните,зошто сега повторно да ги окупираме со лежалки и претходно плажите имаа лежалки.Тоа зборува дека се’ се работи аматерски, кампањски, без стратегија.Ако нема концесионери на долг рок, сето ова што е сега замислено ќе пропадне во вода за една сезона – изјави Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер.

 На двете идејни решенија за уредување на плажите, замерка имаат и архитектите. На овој конкурс притстигнати се две идејни решенија, неразработени, кои прикажуваат лошо обработени 3Д слики, безидејност, сцени на вода, песок, лежалки, чадори за сонце, кои можат да бидат позајмени од било која анимација на плажи и тоа со исклучително лош квалитет.На Охрид велат му треба монденски излед на плажите,со современи матерјали а не простор начичкан со лежалки-една преку друга.

Тоа треба на пример во еден агол околу тој шанк,не мора трска да се враќаме во 19 век, во 21 век има и имало други градежни матерјали тоа  се за мене апсурди, сега да се  враќаме ние со слами – изјави Ристо Андоновски- архитект.

Не може сите плажи на крајбрежјето да се уредиваат по ист уренек, бидејќи просторот и местоположбата на секоја плажа е различен, згора на треба да е земат предвид и езерските осцилации на водата од 70 саниметри кои лесно можат да ги поплават-велат поранешните концесионери кои сугерираат истите да ги издаваат барем на 5 години.Откако срушија се’ и направија од готово вересија,ако нема концесионери на долг рок сето ова што е замислено, ќе пропадне за една сезона.

Во однос на јавниот повик ракции има и на социјалните мрежи: каков конкурс, такви,такви дела! Како да се пријават заинтересираните кога објавуваат дека има конкурс само 2 недели пред истекување на датумот за поднесување на истиот? Исто, вакви конкурси се прават многу поотворено и сеопфатно. 80% е мислењето на граѓаните а само 20% е на нас архитектите-коментира стручната фела.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста