Во Охрид, освен декларативно, не се прави ништо за решавање на урбанистичкиот хаос

Атрактивните места во светот како Охрид,секогаш се трн во око на оние кои на опреден начин сакаат да профитираат и не водејќи грижа за уништувањето и девастацијата на нашето природно и културно наследство, го обезличија градот со прекумерна урбанизација.Сега е многу тешко пост фестум да се интервенира во она што со децении се уништувало. Козметички корекции и шминкање на градот нема да не спасат,зачудува тоа што градот и до сега не беше ставен на Унесковата листа на загрозени подрачја-велат експертите, за да се изградат згради, се уништија многу зелени површини,белите дробови на Охрид се буквално заробени.

Нам ова ни личи дека не само инвеститорите туку и институциите во Македонија се сочинети од нецивилизирани дивјаци кои едноставни немаат почит кон културното наследство,не го вреднуваат на ни еден начин и оставаат поради тоа институциите неговото уништување на поминува несанкцинирано, со што создаваат соврешени услови за неприкосновено владење на урбана мафија, башибозик,безредие и тн – вели Драгана Велковска –Охрид СОС.

Нелегалната урбанизација е една од најсериозните закани, но во преоктирањето на просторот, одлуките и решенијата кои што ги усвојуваа Советот на градот и ресорните министерства ги прескокнуваа надлежностите,иако свесни дека со тоа го толерираа и урбаното дивеење. Не споеведувајќи ја пропишаната регулатива,измислуваат нови копцепти за развој на градот, без притоа да го координираат огромното културно наследство поради кое Охрид е примен под Унеско како 4 град во светот.

Агресивноста на градење произлегува од атрактивноста на просторот, секој кој пристапува кон градби тој сака да има што поатрактивно место и локација.Меѓутоа тоа толку многу е концентрирано што едноставно се губи автентичноста на просторот, афтентичните карактеристики се во втор план – вели проф.д-р Науме Мариноски-Ф.Т.У.

Дефиниција за лудило е формирањето комисии и правењето планови како што тоа беше случајот со актактивната крајезерска локација на ресторанот Парк кој го срамнија си земја.Тоа се стандардни импотентни алатки кои со децении ги злоупотребуваат македонските институции кои ниту се способни ниту се заинтересирани да посегнат во вистинските решенија-велат од неформалното граѓанско здружение Охрид СОС.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста