Во Охрид онлајн наставата ќе се одвива со пишани ливчиња и домашни во тетратки

На ден пред почетокот на учебната година,училиштата со ултиматум до родителите кои избраа нивните деца од прво до трето одделение наставата да ја следат со учење на далечина. На располагање имаат само една опција-секој ден во исто време родителите да подигаат печатени матерјали кои децата ќе ги работат дома, а потоа решените задачи да ги враќаат назад,во спротивно ќе биде евидентирано отсуство на детето од училиште. Овие деца не ќе можат да ја користат националната платформа за онлајн следење на наставата, иако во планот кој го изготви ресорното министерство постои таква можност.

Парадоксално е да не му овозможуваат настава на моето дете, а да му запишуваат неоправдани изостаноци кои влечат санкции по кои следува намалено повдение а и бркање од училиште.Дали ќе ми даде некој мене плата што работата на наставникот ќе ја вршам јас дома? Бојкотирам, нека го испишат од училиште моето дете или нека ме пренасочат кај некој наставник од сродното одделение во градот или во друг град,нека следи моето дете онлајн настава.Моето дете има право и законски му селедува настава, вели Марина- родител од Охрид

За да им овозможиме онлајн учење на нашите деца купивме два компјутери поставивме отпички интернет за на крај да ни речат дека бидејќи биле малубројни децата кои не следат настава со физичко присуство,ние ќе бидеме принудени секојдневно да се влечеме во училишетото и да разнесуваме печатени матерјали и тоа во 21 век,во време на дигитализација.Зарем не е срамно,наместо да имаме современо образование ние да изигруваме поштари вели охриѓанката Марина која е хронично болно лице. Нејзината мака ја делат многу семејства во земјава,бидејќи пред свршен чин се ставени и основиците во училиштата од сите градови.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста