Во Охрид и по две недели никој не презема ништо за излевањето на фекални води во езерото!

Две недели по инцидентот рамен на еколошка катастрофа, кога езерото во дел од северното крајбрежје кај туристичката населба Грашница, беше буквално прекриено со фекални отпадни води-отидовме повторно на истата локација. Еве што забележа нашата камера:

Меѓу неколкутемина кои рибареа на најстарата градска плажа, беше и охриѓанецот Абдула Пашески чија куќа се наоѓа на 200 метри од брегот.

Како немало излевање, прво има овде кај стадионот,второ тука има река која се излева,трето кај Даљан е насочена пумпата со друга пумпа да тече бидејќи не им работи,четврто кај Подмоље летен период не можеш да застаниш тука со кола или прозорец да ти е отворен.Се’ е тоа фекалија до фекалија, значи ние во Охрид плаќаме колектор, тој колекторот зошто го плаќаме, за кого го плаќаме? “, – изјави Абдула Пашески, жител на Грашница.

Првиот човек на Ј.П.”Колекторски систем” не чувствува вина, граѓаните вели тропаат на погрешна врата,притоа недолично навредувајќи ги сите оние кои остро реагираа по последниот инцидент.

„Проблемот во месноста Грашница во овој момент е самата река Грашница, нашиот испуст на е 200 метри од од вливот на реката Грашница.Но најголем проблем е неодделеноста на секундарната од атмосферската канализација. Сепак постојат и такви луѓе кои што со самото нивно укажување, пишење и објавување, само ја покажуваат нивната неспособност и нивното незнаење околу оваа проблематика“, изјави Владимир Алексијоски-дир.на Ј.П.’’Колекторски систем ‘’

Навистина срамно е да се случува тоа во 21 век, а искрено не гледаме некоја надеж дека тоа ќе се реши.И не при најмали дождови, многу често и без дождови во годините наназад сме имале регистрирано дека се излева колекторот и во август месец“, изјави Борче Стојаноски –Е.Д.Грашница.

Инаку нефункционалноста на колекторскиот систем кој е повеќе децениски проблем се најде во извештајот на Унеско какоеден од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство. На крајот на 2019-та државата започна санација, ама само на помалку од 10 % од  колекторсиот ситем. Допрва ќе се барале пари од државата за негова целосна санација.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста