Како последица на коронавирусот, дури 10 лица починаа во Нови Пазар во текот на ноќта. Се работи за постари пациенти и ниту една помлада личност не починала. Денеска во Нови Пазар пристигнува тим на лекари од Босна и Херцеговина за да му помогне на српскиот град во борбата против коронавирусот. Здравствените власти оттаму велат дека не е се толку црно, затоа што повеќе од 80 лица од Нови Пазар биле излекувани.