Во Македонија се уште горат девет пожари

Крајно драматична станува ситуацијата во пехчевско-делчевскиот регион. Најкритична точка е кај селото Умлена.Огнената стихија е во дијаметар од 9км, а до овој момент се пеплосани околу 500хектари борова шума и нискостеблести растенија. Повредени нема, нема опожарени куќи, ниту стока, а местното население е евакуирано. Непристапниот терен, ветрот и сувата вегетеција го отежнуват гасењето на огнената стихија. Засега нема опасност пожарот да се прошири кон Делчево. Над 250 припадници на армијата, Гранична полиција, вработени во општината и јавните претпријатија  веќе трет ден се борат со пламените јазици. Од рано утринава огнот се гаси и од воздух.И од оваа огнена стихија граѓаните бараат помош на социјалните мрежи.

    „Има единици на армијата, пожарникари, имаме помош и од други градови со цистерни. Доаѓаат три цистерни од бугарија  и доброволци. Сите учествувавме во пожарот за да се стави крај. Нема куќи запалено, нема уништено стока. Се надевам дека така ќе остане и наредниот период. Голема благодарност до сите што се вклучени во оваа акција„-изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

 Во меѓувреме пожарот кај кочанското планинско село Костин Дол делумно е локализиран.На терен и понатаму остануваат над стотина војници, пожарникари, доброволци, а на два пати се ангажирани и армиски хеликоптери.

 Веќе четрти ден е активен пожарот  во месноста Погана во валандовскиот регион. Зафатена е површина од околу 800хектари ниско стеблеста шума. Покрај пожарникари од Валандова, огнената стихија се гаси и со екипи од Неготино, Гевгелија и Богданци. На пожарот ќе дејствуваат и армиски хеликоптери.

Пожарот во село Дренок, општина Ранковце е локализиран, но постои опасност од негово повторно активирање. Од вчера до денес во Дренок се изгорени 14куќи и едно школо.

Вчера во вечерните часови целосно е локализиран и пожарот во Гевргелија , кој доколку навреме не се изгаснеше постоеше опасност да го проголта хотелот Фламинго, а и да се прошири на грчка територија. Изгорени се над 30хектари борова шума, како и едно тешко моторно возило на Гранична полиција.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста