Во Македонија недостига свесност за органодарителство и нема регистар на органодарители

Македонија нема регистар на органодарители. Луѓето кои имаат проблем не знаат каде да се обратат и не ја знаат процедурата.

“Ја слушнав изјавата на националниот координатор,дека решавањето на секој посебно со изјава пред нотар дека сака да биде донор во случај на смрт а тоа да го потпише за време на живот дека не е толку важна…јас мислам дека е важна. И мислам дека многу ќе придонесе за овој процес се убрза.” – вели за Алфа Боре Минов, од здржението “Храбро Срце”.

И свеста на луѓето дека можат да бидат донори е на ниско ниво. Здружението “Храбро срце” алармира дека граѓаните се неинформирани, итно е неопходно да се зафати работата сериозно од надлежните. Истовремено велат нема ниту законодавна, ниту стручна пречка органодарителството да стане пракса.

Алфа на терен ги анкетираше граѓаните, дел од нив велат – донирањето органи е нешто што претставува највисок степен на солидарност и човекољубие.

Но имаше и скептици кои не би се осудиле на таков чин.

Првата трансплатација на срце пред три дена го разбуди вниманието кај  јавноста. Од “Храбро срце” подготвуваат иницијатива со која што ќе може постхумно да се донира органи со претходно заверена изјава на нотар. Инаку, ваква иницијатива е веќе прифатена во Црна Гора и е на сила од минатата година. Од здружението велат во актуелниот закон кај нас стои: дека е потребно донорот да изјавил желба во текот на својот живот но сепак, семејството да го има последниот збор.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста