Во Македонија може да се гради и на туѓ имот?!

Седумдесет и шест годишниот охриѓанец Славко Лолески, една третина од својот живот, заглавен во судските лавиринти води правна битка, приморан да ја докажува сопственоста врз дел од својот имот.

Се’ започнало во далечната 1995-та година кога роднините го известиле дека на домашна адреса добил решение од општинското одделение за урбанизам,односно одделот за имотно правни односи, во кое се вели дека му се одзема дел од имотот за што наводно самиот дал согласност,што Лолески го негира, бидејќи  52 години живее во Америка.3 години подоцна , во 98-ма од истиот орган добил ново решение во кое стои дека местото му се одзема во интерес на Република Македонија.Но, подоцна Лолески дознава дека местото е дадено на приватни лица за да градат станбен објект.

Јас мртов ќе паднам местово не го давам, да ме прашаше, ама кога веќе зедоа толку голема сила, сега ќе одам до крај зошто не е нивно тоа е мое.Имам записници дека нигде не сум потпишан, дека не се сложувам – изјави Славко Лолески.

Славко цели 26 години се влече по судските сали и општинските ходници со полна торба документи кои ниту се дочитуваат, нити може крај да им се фати.

Човеков е сопственик на парцела со имотен лист,земјиштево од Лолески Славко е трасформнирано, на скицата си седи на Лолески Славко, на поседовен лист стои на Лолески Славко, на детален план од катастар на Лолески Славко.Имаме документ од катастар дека е извршена узурпација на парцелата,но за жал во нашава земја не функцинира правдата изјави Слободан Влавчески-роднина.

На 6.10.2000-та година Врховниот суд ја уважува тужбата на Лолески и го поништува спорното решение на Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на урбанизмот,со констатација дека незаконски било депоседирано,односно одземено земјиштето,а во постапката за издавање на одобрение за градба не се расчистени имотно правните односи,бидејќи во 1998-ма странките кои сакале да градат,не поднеле доказ за сопственост.Со пресудата,  Врховен, го враќа предметот на повторно разгледување а голготата по судовите уште трае.Лолески  поседува документ во кој стои дека на својот имот може да направи само комерцијален објект со површина од 58 метри квадратни,не повисок од 3,5 метри.До ден денес имотно правните односи не се решени, во меѓувреме во 2001-ва спорните сопственици кои исто така живеат во странство,дигнале темели и дел од градежната конструкцијата.Тој тврди и дека за да се реши предметот во некога корист, му барале и мито.

Ми побараа, дојде еден и рече дај 5.000долари за да се руши.Кога беше тоа ?Има 10-тина години.Од каде беше од општина, од суд?Од општина,- бевме во  еден ресторант таму и вели мора овде да се плати.Кај нас не можеш ни еден долар да им дадеш, а овде гледаат само да украдат и затоа ме паѓаат.Јас ќе му дадам на некој сиромав кој нема, а нив не им давам.Овде тешко народот кој нема пари да тужи, а и да тужи пак е се поврзано – изјави Славко Лолески.

Пропаѓаат плановите на Лолески да се врати во родниот град и тука да ја продолжи живеачката, бидејќи нема куќа,а не може ниту да ја направи. Кога сум во Охрид престојувам кај роднини или во хотел, оти дел од парцелата е узурпирана,а  сред мојот имот,проектирано е да врви и улица-тврди Лолески. Мене ми останува вели тој сам да го рушам објектот на мојот имот,нека дојде полицијата ако може да ме сопре,никој нема да се прави стопан на мое место-додава тој.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста