Во Mакедонија „цвета“ еколошкиот криминал, добро уиграни групи ги пустошат македонските шуми

Во Mакедонија „цвета“ еколошкиот криминал, добро уиграни групи ги пустошат македонските шуми

Пустошењето на шумите е најголемиот организиран еколошки криминал во Македонија,поврзан со корупција и перење на пари.Шумската мафија не мирува, изминатиов период  жртви на мафијата беадвајца шумочувари од кумановско- липковскиот регион и еден шумски полицаец на Китка. Со децении се врши масовна и неконтролирана експлоатација,на диво се сечат и пустошат шумите,а на терен секојдневно се врши грабеж-вели професор Марина Малиш Саздовска која отворено зборува за спрегата помеѓу шумската мафија и одредени структури во власта.

Не станува збор за некоја мала количина на дрога која што можете да ја скриете било каде во човечко тело, во бункер и да ја пренесете.Станува збор за огромна количина на дрвна маса,тоа без корупција не може да се направи.Не можете вие  да транспортирате огромна количина, тоа се камиони и камиони во прашање, огромен габарит, а никој да не забележи.Не може надлежните полициски органи инспекторатите,задолжените во Ј.П. Национални шуми да не го забележат тој феномен на сторување кривично дело”-вели Марина Малиш Саздовска- профeсор на Факултет за безбедност во Скопје

Недостасува желба,политичка воља и целосна посветеност на надлежните органи да го решат овој случај на пустошењето на шумите,велат експертите.Но кој профитира од коруптивните зделки со стотици илјади метри кубни дрво?

И тука се остваруваат енормни финансиски сретства кои што понатаму завршуваат и во приватни џебови, но согласно нашиот целосен систем дел се финансираат можеби и одредени политички кампањи, значи сето тоа пред избори можеби е малку зголемо.Но од анализите кои што јас сум ги правела подолг временски период на економскиот криминал и перењето пари,еден од најголемите проблеми во Македонија токму е шумската мафија”-вели Светлана Николовска-професор на Факултетот за безбедност.

Полицијата ја превзеде акцијата Гора но тоа не е системска, ниту координирана туку акција од времен карактер.Затоа експертите предлагаат формирање на посебен оддел во МВР каде инспекторите би се занимавале само со криминалистички истраги на овие кривични дела. Сугерираат и казните во сферата на еколошкиот кримнал кои сега завршуваат со условна осуда и благи парични казни, да бидат поригорозни и да се врши целосна конфискација на имотот со кој располагаат.Укажуваат дека пустошењето на шумите предизвикува ерозија на земјата и појава на свлечишта, како што се случи во тетовско, кога имаше и жртви.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста