Во „Kриминалната империја“ на Крмзов замешани и Царината, УЈП и Централниот регистар
Милиони евра преку пропаднатата Еуростандард банка префрлани на сметки во Турција . Според извори од предистрагата за случајот „Крмзов“, префрлени биле над 8 милиони евра пари од Еуростандард на турски сметки. Неофицијално истрагата сега се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на бизнисменот Ристо Крмзов, кој важи за близок до семејството Заеви.
Според упатените во предистрагата, најверојатно Крмзови имале спрега со Јавното обвинителство, бидејќи предмети за кои имало сомнеж за сторен криминал според сознанијата биле чувани во фиока.
Извори од претистрагата откриваат дека таа освен кон УЈП и Централниот регистар, таа води и кон царинската управа, каде за еден камион увезена стока се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата стока во последниот период, по смената на раководството на Царинската управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.
Акцијата на надлежните органи започна во четвртокот кога при претрес на фирмите на струмичкиот бизнисмен Крмзов беа најдени дијаманти, пари во кеш, наводи за даночни затајувања, двојни уплати. Вкупно два камиони докази собра полицијата кои ќе треба да ги истражува. Предистражната постапка е насочена кон откривање на кривичните дела даночно затајување, перење пари и незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен Буџетот на државата за неколку десетици милиони евра.
Со оглед на тоа дека станува збор за предистрага од Обвинителството не соопштуваат многу детали . Засега е познато дека на Крмзов му е одземен пасошот.
Објавени се сите информации што можат да се споделат со јавноста во овој момент, се преземаат дејствија во предистрага. Испитани се четири лица, а мерки се изречени за едно лице, кратко информираат од ОЈО.
Инаку, се погласни се шпекулациите дека случајот се шири и до компании кои стигаат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев. По пропаѓањето на Еуростандард Банка , нејзиниот сопственик Трифун Косовски кажа дека загубата од над 60 милиони евра е последица на договори помеѓу бизнис кругот на тогашниот премиер Зоран Заев и раководството на банката . Инаку, Ристо Крмзов е струмички бизнисмен кој успеа и во кризната 2020-та година да оствари рекордна добивка, а медиумите пишуваа и дека во 2023-та преку неговата фирма Крмзов-МР остварил добивка од над 9 милиони евра. . Дополнително, во неколку случаи, неговото име беше јавно споменувано во медиумски стории за и за криумчарење луксузни стоки.