Во Кочани прогласена епидемија на жолтица

Во Кочани прогласена епидемија на жолтица. Во тамошниот Центар за јавно здравје хепатит А е дијагностициран кај 21 пациент. Речиси сите се деца на возраст од 5 до 11години. Здравствната состојба им е стабилна. Во моментот на штипска инфектологија се хоспитализирани десеттина пациенти, кои се со потешка клинича слика.

Токму нискиот степен на лична и колективна хигиена на жителите во кочанското ромско маало е евентулниот извор од каде се шири заразата, поочуваат епидемиолозите од Центарот за јавно здравје во Кочани. Вирусот е под контрола, смируваат тие. Во изминаиот период кога зачести бројот на заболени, направена е дезинфекција во неколку образовни институции, а се извршени и едукативни разговори за подобрување на хигиената со жителите на ромското маало.

Хепатитот А е со најблага форма во групата на хепатитите. Вирусот се пренесува преку капков пат и е тесно поврзан со лоши социо-економски услови.

И додека во Кочани изворот на епидемијата е нехигиената, епидемиолозите не успеаа да откријат од каде се ширеше хепатитот Ц меѓу пациентите хоспитализирани на штипска ортопедија. Ниту вонредните инспекциски контроли не го дадоа одговорот на прашањето како 13-те пациенти наместо здрави, од болница си излегоа заразени.

Александра Ристевска