Во Кина 400.000 луѓе во карантин поради 18 заразени

Кинеските властите одлучија сите села, општини и згради да бидат целосно затворени, ставајќи во изолација повеќе од 400.000 луѓе. На семејствата им е дозволено да испраќаат по еден член на пазарење и тоа само еднаш дневно. Забранета е употреба на моторни возила и какво било движење. Кина одлучи да прогласи карантин во покраината Анксин, во близина на Пекинг а помалку од 20 новозаразени лица беа сигнал до властите да воведат драстични мерки. Донесена е одлука итно да се блокираат дури 11 општини кои го опкружуваат пазарот, а на сите граѓани им е забрането да ги напуштат општините.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста