Во Кенија киднапирана хуманитарка од Италија

Вооружена група киднапира Италијанка, која работела за хуманитарна организација, а при нападот повредени се неколку лица.

Напаѓачите синоќа отворија оган во трговскиот центар Чакама во округот Килифи при што повредија пет луѓе.

Шефот на полицијата во округот Килифи, Џозеф Боинет изјави дека при инцидентот киднапирана е 23-годишна Италијанка, која работела како доброволец во хуманитарна организација во југоисточна Кенија.

Тој додаде дека се уште не е познат мотивот за нападот.

За полицијата вооружениот инцидент е терористички напад.

Исламските екстремисти од Сомалија претходно беа обвинети за низа киднапирања на странци долќ кенискиот брег.

Поради напади и киднапирања на странци, Кенија во 2011 година испрати војска во Сомалија да се бори против екстремистите од Ал Шабаб.