Во Јануари ќе се знае дали Охрид ќе се најде на листата на УНЕСКО на загрозени подрачја

После 4 деции под капата на Унеско,ќе го изгуби ли државата единственото Унеско подрачје, чии универзани вредности се во светскиот фокус ? Поради неисполнување на задолжителните барања дадени од Реактивната мисија на Унеско во април 2017-та,охридскиот регион се соочува да биде преместен на Листата на светско наследство во опасност.Извештајот на реактивната мисија е готов,локалната власт очекува да го добие во јануари, охридскиот градоначаник отворено –вели дел од препораките се исполнија,но не во целост.

  • Касниме со стратешката еваулација на влијание на животната средина на бесправните објекти, касниме со отстранувањето на бесправните објекти, бидејки тоа е еден од најкомплицираните, скапи и најсложените процеси. Касниме со решавањето на депонијата Буково.Касниме со носењето на урбанистичките планови.И сето тоа ќе биде нотирано-рече КОНСТАНТИН ЃЕОРЃИЕСКИ-градоначалник на Охрид.

И додека невладините бараат одговорност бидејќи се испушти шансата да се покаже вистински напредок во исполнување на забелешките,Георгиески е сигурен дека Охрид не може да го изгуби статусот под Унеско. Но,сега веќе ниту тој не ја исклучува можноста градот да се најде на листата на загрозени подрачја, со оглед на фактот дека уште лани во Баку, преставници на советодавните телата на Унеско ги образложија причините зошто треба да се стави Охрид на листата на загорезени подрачја.Акцентот меѓудругото беше ставен на несоодветна градба,неконтрилиран урбан развој и експлоатација на крајбрежјето.

  • Прашањето е сега дали Охрид ќе остане членка, запишан на листата на УНЕСКО, меѓутоа ќе биде ставен на таа листа во опасност, што значи дека ние поажурно ќе мора да пристапиме кон решавање на проблемите-рече Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.
  • Регионот мора да биде преместен на листата на светско наследство во опасност бидејќи дефакто припаѓа таму поради степенот на уништување и поради игнорантскиот и лежерен, ноншалантен однос на македонските власти.Оние кои се одговорни за неспроведувањето на препораките,за непочитувањето на законите мора да сносат санкции- вели Драгана Велковска –Охрид СОС.

 Наместо македонските власти да се зафатат со максимално спроведување на препораките, тие го губеа времето во лажирање.Со години наназад манипулираа и упорно ги криеа податоците за вистинскот степен на уништување на единственото светско наследство кое Македонија го има.Наводното справување со дивоградбите беше политичка одлука, тактичко однесување пред избор-децидна е Влековска.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста