Во израелските воздушни напади врз Бејрут срамнета станбена зграда

Во израелските воздушни напади врз Бејрут срамнета станбена зграда

Израел го изврши најсмртоносниот напад врз центарот на Бејрут откако војната против Хезболах се интензивираше минатиот месец, при што либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 22 лица се убиени во воздушни напади врз станбени населби.

Уште 117 други се повредени, а спасувачите копаат низ урнатините во Бачура, мала шиитска област во главниот град, каде што беа нападите.

Медиумите цитираат безбедносни извори кои велат дека Вафик Сафа – близок соработник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала и очигледна цел на најновите напади – преживеал. Ниту војската на Израел ниту Хезболах не коментираа.

Израел повторно ги интензивира и воздушните и копнените операции во Појасот Газа. Палестинската Црвена полумесечина вчера соопшти дека во нападот врз училиштето Рафида во Деир ел-Балах во центарот на Појасот Газа, во кое се засолнуваат раселените семејства, загинаа 28 лица, а 54 се повредени.

Израелската армија тврди дека користи „прецизни воздушни напади врз терористите кои дејствуваат во згради, што претходно биле користени како училишта“

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста