Во Иран истакнати црвени знамиња на „одмаздата“

Тензијата помеѓу Иран и Америка ескалира – за првпат во историјата во Иран се веат црвени знамиња кои симболизираат „неправедно пролеана крв“ и повикуваат на одмазда, откако во американски напад беше убиен иранскиот воен командант Касем Сулејмани од страна на американските воени сили.

Денеска десетици илјади Иранци облечени во црно се собраа во иранскиот град Ахваз за да го дочекаат телото на иранскиот воен командант.

Иранската агенција ИРИБ објави снимка од изнесувањето на ковчегот прекриен со иранското знаме од авионот со музика од воен оркестар.

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати предупредување до Техеран дека Вашингтон ќе „удри на 52 локации во Иран многу брзо и многу силно“ доколку Исламската Република нападне американски персонал или цели.

Некои од тие локации се „многу важни за Иран и иранската култура“, објави Трамп доцна синоќа на Твитер.

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, пак го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп дека таргетирањето ирански културни места ќе биде воено злосторство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста