Во Холандија стапи во сила забраната за носење бурка

Холандија забрани носење бурки.Во оваа земја стапи во сила Законот со кој се забранува носење бурка откако Парламентот во јуни минатата година изгласа делумна забрана за носење во јавните институции – училишта, владини канцеларии и болници.

Во согласност со Законот, службени лица ќе можат да бараат од жената која носи бурка да ја соблече при влез или да ја напушти зградата.

Во случај на непочитување на одредбата, постои можност да интервенира полицијата и да изрече парична казна во висина од 150 евра.