Во фокус: Седум години власт на СДСМ и ДУИ – трошење како да нема утре

Во фокус: Седум години власт на СДСМ и ДУИ – трошење како да нема утре

Мерки топло – ладно, купување на  социјален мир, рекордно задолжување, едвај по некоја закрпена дупка на автопатите, обид за распродавање на енергетските ресурси – вака изгледаа седумгодишните тргни – застани економски политики на СДСМ и ДУИ. Дојдоја на власт со критики дека се крадат парите на граѓаните, дека ќе донесат повисоки плати и подобар животен стандард.

Нудиме нова македонска развојна економија, заснована на нови технологии, одржливост и човечки капитал. Модел што ќе ги штити

работните места на граѓаните, ќе генерира повисоки плати и подобри работни места, стои во Изборна програмата на СДСМ.

Како „дојде животот“ така граѓаните секој ден беа на улица барајќи плати и достоинствен живот. За волја на вистината дочекавме минималец од 18 илјади денари, но тој во најголем дел беше изеден од галопирачката инфлација.

Изгледа она што во 2019 беше смешно, стана трагично, македонската економија се закотви со сидро.

Ќе бидеме сидро што ќе влече напред – рече на 05.04.2019 поранешниот премиер Зоран Заев.

Поранешниот премиер и се фалеше со мерките кои ги презел за време на Ковид кризата. Но, шестте пакети се најдоја во ревизорскиот извештај: немало отчетност, танспарентност и не можело да се следат ефектите.

2022 Владата ја презеде Димитар Ковачевски. Тој стана премиер во најголемиот ек на енергетска криза, струјата и парното скокнаа до плафон, а не знаевме ни дали ќе има доволно гас. Ковачевски  тогаш го губеше трпението и на новинарите место да им каже како ќе се истера зимата држеше час како се произведува топлина

Прашање: Како ќе имаме парно?

Ковачевски (поранешен премиер): Па, со загревање вода во топланите.

На тема енергетика, Владата на СДСМ и ДУИ не може да се пофали со многу резултати, ама има контроверзии. Во мандадот на владата на Ковачевски за малку ќе се дадеше ХЕЦ Чебрен на Грција,  склучивме енергетски штетен договор за изградба на комбинирана централа со грчки Митилинеос кој ако се реализира ќе има само финансиска штета за Македонија, а ги раскара и СДСМ и ДУИ па ќе ја чека новата Влада.

Во 2022-та се повторија и сликите  од раните 90-ти – празни рафтови за масло и брашно, редици на бензинските пумпи и страв дека ќе ги снема основните артикли.

Не е дека е се така црно. Според поранешниот премиер сега ни е далеку подобро, ако заработувате минималец може да јадете квалитетен бурек

Ако во бурек сакате да пресметате, во тоа време со една минимална плата можело да се купат 170 четвртини бурек, денес може да се купат 270 четвртини бурек. И тоа добар бурек во Куманово – рече Ковачевски во едно телевизиско интервју.

Додека  граѓаните се мислат како ќе го поминат месецот, Владата пари не жалеше за тендери и договори. Години поминаа, нов автопат  не видовме. Во овој мандат,  се потпиша еден од најконтроверзните договори за изградба на коридор 8 и 10 д, во сите можни извештаи беше искритикуван, ама Владата мува не ја лази , милиони по милиони летаат на сметката на „ Бехтел и Енка“

Радувајте се луѓе, се гради во државата – рече поранешниот прв вицепремиер и актуелен министер за политички систем Артан Груби на 04 април 2023 година.

И навистина ни приреди уште неколку вакви забави за радување , имавме и шарена експлозија.

Ама автопат од Охрид до Кичево уште немаме, а ни одговорен зошто 57 километри се возат како ролеркостер . Сега  Собранието на итна седница даде нова шанса на кинески Синохидро – да се заврши до 2026.

Стани Благоја да те видат – му ре обрати Ковачевски на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Важно е дека се фалат со рехабилитации на постоечки патишта кои траеја со години, како и изградбата на двата километри од Скопје кон Блаце на која се уште не им се гледа крајот. Техничкиот премиер на пуштање во употреба на обнобената делница Катланово – Петровец беше пречекан со свирежи.

Освен по огромната инфлација и енергетската криза седумгодишното владеење на СДСМ и ДУИ ќе биде запаметено и по бројните протести – буквално сите беа на улица – работници, административци, синдикалци, пензионери, земјоделци, студенти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста