„Во фокус“ на Алфа – одбраната на осудените за тероризам очекува нов процес со поинаква правна квалификација

Правната квалификацијата „териростичко загрозување на уставниот поредок“ за настаните од 27 април не можеше и не смееше да се наметне, и тоа го знае не само стручната фела туку и македонската јавност – вели Еленко Миланов, кој беше одбрана на неколкумина од осудените за случувањата во парламентот. Според него, смислата на членот 313 од Кривичниот законик, по кој осудените добија драконски казни, е дека некој сакал да го промени уставниот поредок – иако, за време на двомесечните протести, никој од здруженијата не изјавил дека сака да се промени системот или да се урниса уставниот поредок. Дека квалификацијата е погрешна, според Миланов покажува и тоа што во над 1000 страници од пресудата, никаде не пишувало загрозување на безбедноста на државата, што исто така е елемент на членот 313 од КЗ.

„Јас сметам дека е очигледно дека и надвор од стручната фела е јасно дека оваа правна квалификација не може да се наметне. Јас не би бил за амнестирање, јас би сакал овој предмет да се разреши онака како што доликува на судските инстани. И затоа се надевам дека Врховниот суд ќе најде одважност да одлучи по закон и да овој предмет го врати на ново судење, а таму сите оние кои сториле насилство, за тоа веќе тие ги одлежале максималните казни, и на тој начин да се задоволи правдата. Не амнестија, амнестијата би значела дека тие сепак се терористи ама власта ги помилувала“ – вели адвокатот Еленко Миланов.

За истите случувања, во истото Собрание, имаше неколку предмети – учество во толпа, насилство, тероризам, вели Миланов. Не се знае кој стои позади случајот, ама е повеќе од јасно дека осудениците биле претходно избрани. Тој прави споредба со настаните за време на шарената револуција кога беше запалена канцеларијата на Претседателот.

„Институцијата на Собранието, и на Претседателот – едното е учество во толпа а другото тероризам. Не може да се најде паралела, и не може да се оправда правната квалифијација во двата случаи со напад на највисоките институции со толку драстично различни правни квалификации“ – вели Миланов.

Високите казни за 27 април се често пати причина, стручната фела да прави споредба со настаните во Капитол Хил каде имаше пет починати, и речиси 150 повредени. За разлика од Америка каде највисоката казна беше 5 години и 4 месеци, за упадот во македонското Собрание, каде немаше загинати, обвинетите завршија како осудени за тероризам, со највисока казна од 18 години затвор, што кај многумина во прашање ја доведе поделбата на судската и извршната власт.

„Случајот Капитол хил – тогашниот претседател на судскиот совет, многу сериозно мора да го анализира, што се случи во капитол хил. Целосно оштетување, употреба на оружје, со пет мртви- највисоката казна за тие дејствија во недемократската Америка, за кој Македоија има многу поголема правна култура, беше 5 години“ – вели адвокатот Сашо Дукоски.

Овие два случаи, ги споредуваше дури и застапникот на обвинението за 27 април – Вилма Русковска. но сепак,казните беа многу помали, а делото не беше квалификувано како тероризам.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста