Во Филхарминија откажани сите концерти до крајот на март

НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected] Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и саатницата кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10-14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Advertisements