Во ек на пандемија Заев и Филипче на работеле во неделата, премиерот порачува: Тоа e ден за одмор, моторот ми е пасија

Премиерот Зоран Заев и човекот задолжен за здравството во Македонија, министерот Венко Филипче, во ек на пандемија не работеле во недела. Откако викендов беа објавени фотографии каде се гледа, како двајцата си уживаат со своите мотори, јавноста зовре, имаше голем број негативни реакции на социјалните мрежи. Алфа го праша премиерот дали можеби се кае, на што добивме одговор не. Тоа било ден за семејството и за самиот себе, порачува првиот човек на македонската Влада. Додека Македонија секојдневно запишува црни бројки на новозаразени и починати од Ковид 19, премиерот вели си ги сработувал своите обврски во текот на работната недела, а својата пасија, моторот, ја искористил да ги наполни батериите.

-Уште кога станав премиер кажав, викенд не работам, недела сум со семејството, сум за себе. Имам едно хоби тоа е возењето мотор, тоа сум го кажал јавно. Навистина недела е ден за семејството, за себе. Лично јас ги полнам своите батерии возејќи мотор, имаат потреби контактираат, се, изјави Заев.

Се пофали дека прошетал низ повеќе делови од државата, како и дека имал дозвола за движење која сепак не ја злоупотребил, односно со својот колега Филипче возеле само кога тоа е дозволено, иако секојдневно се испраќаат граѓаните да седат дома со цел да се сопреме ширењето на ковид 19 вирусот.

-Целосно ги почитувавме сите мерки, затоа што дефинитивно немаше забрана, каде што се движевме не се движевме во полициски час, иако имам дозвола, не се движевме никаде во полициски час. Направивме една убава турнеа од источниот дел, централниот, западниот, јужниот дел на државата и се вратив назад во Скопје. И тоа е ден на викенд и не се кријам мислам, не треба некој да се крие ако прави нешто за себе, изјави Заев.

Одговори околу викенд авантурата на Заев и Филипче бара и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ прашува дали заради премиерот се отворил хотел сред пандемија за одмара после дивеењето со моторите.

-Заев треба да знае дека додека се одмара на мотор, докторите работат 24 часа на ден, 55.000 луѓе останаа без работа, и половина милион живеат со 2 евра на ден. Додека тој дивее со мотор, луѓе блиски до неговото семејство пренесуваат дрога во милионски суми, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку ова не е прв пат премиерот и министерот здравство да си уживаат со своите мотори во ек на пандемија. Во јавноста прв пат се појавија, во септември минатата,  откако беа снимени во центарот на Скопје, како возат без кациги, и тоа во ек на засилени полициски контроли, со кои тогаш се фалеше МВР. Добија и по 50 евра казни, но неколку дена подоцна. Потоа самите се пофалија дека со мотори уживаат на Беласица, а минатиот викенд на социјалните мрежи беше објавена фотографија со уште двајца, при пауза од возењето на моторите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста