Во четврток пресуда за насилниците кои тепаа девојка во Штип

Во четврток ќе биде изречена пресудата за двајцата тепачи кои во јануари  претепаа 22годишна штипјанка, а  бруталноста ја снимија со мобилен телефон, по што видео клипот се најде на социјалните мрежи. Одбраната  на оштетената, на денешното рочиште во штипскиот Основен суд побара,сторителите да добијат строга казна, иако го признаа делото.

Тепачите се покајаа за стореното дело кое го сториле во момент на слабост. Свесни се за последиците и се подготвени  да ја обештетат жртвата, изјави нивниот адвокат, надевајки се дека притисокот  јавноста нема да влијае врз донесувањето на пресудата..

22годишната штипјанка е во лоша психичка состојба. Психолошка, социолошка и бесплатна правна помош има добиено од невладината организација Ехо. Обвинетите се товарат дека во јануари брутално ја претепале 22годишната девојка.Со навреди и шлаканици во пределот на лицето и главата почнале во куќата на нивни заеднички пријател каде што сите заедно биле на гости. , а со ќотекот продолжиле во влез на станбена зграда. Додека крвнички ја тепале осомничените снимале со мобилен телефон.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста