Во Булачани е пронајдена лабораторија за производство на марихуана

Дрога од типот „Сканк“, која е висококвалитетна марихуана и успева само во Холандија, е пронајдена во скопски Хиподром. Единицата за недозволена трговија со дрога откри 69 саксии од расад на марихуана и софистицирана лабораторија за производство на истата во с.Булачани. Кај лицето А. М. се пронајдени  две паковки од марихуаната како  и дигитална вага. Во лабораторијата било пронајдено и масло кое било произведено од истиот тип на марихуана.

  • При вршењето на претресот во неговиот дом е откриена совистицирана лабораторија за производство на тој тип марихуана „Сканк“ која што за ваше појаснување на црниот пазар достигнува цена од на пет илјади евра во денарска противвредност за килограм или поточно кажано пет евра по семка за расад – рече Ристо Ставревски, Началник на СВР Скопје.

Дрогата која била наменета исклучиво за македонскиот пазар успева само во софистицирани и посебни услови. 27- годишникот е лишен од слобода и за случајот е пријавен  дежурен Јавен обвинител.

СВР Скопје работи на откривање на останатите лица кои учествувале во производството и продажбата на марихуаната.

Викторија Миткова

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста