Во бугарскиот „Кој сака да биде милионер“ станавме северномакедонци, нашето МНР со остра осуда – но кон комитите

Нова провокација од Бугарија. По низата навреди упатени на македонска адреса и негирањата на македонскиот јазик, Бугарите во емисијата „Милионер“ поставувајќи прашања за македонци не нарекуваат северномакедонци. Експертската јавност реагира дека ова е уште еден чекор од негацијата на македонскиот јазик.  

И покрај ваквите чекори на Бугарите , македонската влада која тврди дека за јазик и идентитет не се преговара, воопшто не реагира на провокациите, ама затоа МНР преку соопштение остро ја нападна навивачката група Комити дека вандалски и нецивилизирано се однесувале за време на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но не само што ги осудува постапклите, македонското МНР поврзало и да се оправда пред бугарските институции дека постапуваат по случајот.

-За овој настан, МНР официјално ја извести Бугарија дека надлежните институции на Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување  на оваа голема историска личност, значајна за сите нас, стои во реакцијата од МНР.

На самата прослава на „Комитите“ воопшто не им беше дозволено да се приближат до Црквата Св. Спас каде се одржуваше централната прослава додека таму беше присутна бугарската делегација.

Ама затоа со полициска придружба во вечното почивалиште на Гоце беше донесена група на Бугари, кои извикуваат дека нема да дозволат никаква навреда за бугарите во Македонија, но за овој случај од МНР никако не реагираа.

Ова се само дел од бројните навреди и провокации кои не ги штедат бугарските функционери, а нашето МНР молчи… Поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов се закануваше дека ќе испрати тенкови во Македонија за да ги сруши спомен-таблите каде се споменува Бугарскиот фашистички окупатор. И европратеник Ангел Џамбаски највуваше дека нема да постојат граници меѓу Македонија и Бугарија, па ќе биле отворено од Охрид до Црно Море. Оти од двете страни живеела една нација.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста