Во Брисел разговори меѓу Белград и Приштина

Делегации на Белград и Приштина ќе преговараат  за изготвување на „конечен договор меѓу двете земји“ на нивниот  состанок во Брисел. Косовскиот премиер Авдулах Хоти рече дека  „национален координатор“ ќе ја претставува Приштина на состанокот,  и дека веќе не постои технички дијалог тој ќе се одвива само политички, што води кон „взаемно признавање“. Хоти, по состанокот, го именува неговиот советник, поранешниот министер за внатрешни работи на Косово Скендер Хисени, за државен координатор за дијалогот со Србија. Директорот на Кабинетот за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ пак, изјави дека Авдулах Хоти,  „намерно ја мами домашната и меѓународната јавност.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста