Во болниците хаос – капацитетите преполни речиси во сите градови, Филипче смирува граѓаните да бидат спокојни

Аларматните бројки на ново заразениод Ковид19 експресно ги троши и резрвните болнички капацитети. На Инфективната клиника одамна нема слободен кревет, а и во модуларната болница капацитетот речиси е исполнет. Сега, новите пациенти ќе се примаат на Клиниката за неврологија и Кожна клиника, а дополнителни болнички легла треба да обезбедат и интерните клиники. И 50-те кревети во ГОБ 8-ми Септември се зафатени таму примаат само тешки случаи. Дополнително ќе се отвораат и уште две одделенија за Ковид пацинети.  Хаосот со капцитетот но и со медицинскиот персонал владее во сите болници од внатрешноста, директорите се надеваат на помош од приватните интернисти. Штипскиот Ковид центар ќе се шири на Кожно одделение.

“Од понеделник или вторник дел од полесните пацинети да ги сместиме во кожниот оддел но мораме да ги завршиме инфраструктурните работи. Таму ќе ослободиме десетина нови кревети и размислуваме и за  поцрни сценарија каде што ќе ослободиме дополнителни капацитети.“ – вели директорот на штипската болница Ален Ѓеоргијев.

И во прилепската болница ситуацијата не е сјајна, освен што недостига медицински кадар  и резервните капацитети забрзано се полнат. Драматично е и во болницата во Струмица. Таму повеќе нема слободни места. Се надеваат за неколку дена да успеат да преадаптираат еден спрат од новото крило. Од велешката болница за Алфа велат дека има уште десетина слободни легла, но со оглед дека медицинскиот кадар е преморен и во мал број – прават секаков напор пациентите да добијат соодветен третман. За помош апелираат и од други градови:

Неопходна ни е помош. Луѓето што работат на тие оддели се истоштени. Ние имаме двајца анестезиолози. Тие изминатите шест месеци се да не кажам во воена состојба .Има кај нас млади специјалисти, би било пожелно и тие да се вклучат во борбата со пандемијата– изјави д-р Александар Сeрафимов, директор на Општа болница-Кочани.

И покрај сериозноста на ситуацијата ресорниот министер повторно смирува –  состојбата била под контрола.

„Граѓаните можат да бидат спокојни, болнички кревети има сосема доволно, а целиот Клинички центар е во ситуација на мобилизација и никој нема да остане без здравствена нега.” – вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче кажа дека 56 интернисти од приватното здравство се спремни да учествуваат во работата во клиниките и болните не само во Скопје туку и низ државата.

Ања Василева