Во Битола се евакуира најголемиот арсенал со гранати

                Сеништата од минатото, после еден век  повторно се појавуваат во Битола. Досега најголемиот арсенал на неексполдирани убиствени средства е откриен непосредно до стадионот под Тумбе кафе и зафаќа дел од патот. Станува збор за неексплодирани артилериски гранати заостанати од Првата светска војна со калибар од 75 мм и голема убиствена моќ и досега се откриени над 4 илјади парчиња, но се претпоставува дека ги има барем два до три пати повеќе. Екипа на пиротехничари шест дена неуморно работат, соочувајќи се со опасностите на оваа опасна професија.

Гранатите времено се сместуваат во складиштето на Дирекцијата за заштита и спасување, а по завршувањето на акцијата ќе бидат транспортирани и уништени на полигонот кај Криволак. Просто е неверојатно како еден век овој огромен арсенал се криел само на два до три метра под земи, веднаш до градскиот стадион. За среќа, на гранатите запалките им биле извадени, но потенцијалната опасност од оган или експлозив, можела Битола да ја крене во воздух со стотина тони на овие експлозивни средства.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста