Во Битола презентиран Проектот – „Поддршка за решавање на приватно-јавната сосопственост на земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион
Решавање на деценискиот проблем кој што го имаат над 2.000 земјоделци од Пелагонискиот регион кои со денационализација имаат добиено земјоделско земјиште кое е во сопственост на ЗИК „Пелагонија“, најави денеска од Битола министерот за земјоделство Цветан Трипуноски.
На Јавната расправа која се одржа со земјоделците беше нотирано дека со реализацијата на Проектот – „Поддршка за решавање на приватно-јавната сосопственост на земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“, земјоделците конечно ќе го имаат во владение ова земјиште што ќе им овозможи користење на сите мерки и привилегии кои им следуваат од државата, а што сега им е ускратено.
„Се работи за околу 2.000 земјоделци кои што ќе бидат опфатени и за површина која што е под скрининг, некаде околу 16,5 илјади хектари кои што практично ќе треба да се детектираат сите овие отворени вакви парцели“, – истакна Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.
„Заробено јас имам 8 хектари површина кои ги користам како времена замена. Добивавме еден извесен период субвенции и ги пријавуваме. После од Платежна не избришаа..Проектов е многу добар и да се заврши до крај ќе биде многу голем придонес за земјоделците“, -кажа Тони Петковски, земјоделец од с. Велушина.