Во Битола одбележани 78 години од македонскиот дел на Холокаустот

Со цермонијално чествување и положување цвеќе пред споменичното обележје во чест на битолските Евреи поставено пред Здравствениот дом во Битола, претставници на Општината  и други граѓани, се поклонија одбележувајќи ја  78- годинишнината од македонскиот дел на Холокаустот, кога над 7.000 Евреи  беа депортирани во еден првец, во логорот на смртта Треблинка. Во тоа црно историско петно, како дел од таа траурна судбина се најдоа 3.351 битолчанец од 793 еврејски семејства. На церемонијата, преку zoom, учество зедоа и високи претставници на Израел,  тамошниот амбасадорски кор  и амабасадорот  во Македонија Дан Оријан.

Одбележувањето на овој ден што го правиме секоја година е од единствена причина што сакаме да се сеќаваме заради тоа што ни значи да се сеќаваме на нашите сограѓани од Еврејската заедница која постоела тука во Битолам меѓутоа сакаме да покажеме и кон целиот свет дека се случило злодело кое никогаш човештвото не смее да си дозволи да се повтори никаде на планетата- рече битолската градоначалничка  Наташа Петровска.

Пред споменичните обележја на жртвите на Холокаустот и народниот херој Естреа Овадија Мара, во нивна чест беа засадени јапонски цреши, а исто така од здруежението АРХАН, вчера засадија дрвца во девет градинки, како дел од меѓународната акција- Засади по едно дрвце за секој наш граѓанин кој настрада во огновите на Холокаустот.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста