Во Битола градежна офанзива со раскопани улици- власта вели “ЌЕ“

Локалната власт на Битола годинава се зафати со градежна офанзива, која на крајот од градежната сезона остави еден куп започнати, но недовршени проекти- што би рекле битолчани- ниту угоре, ниту удолу. Оваа состојба најмногу ја почуствуваа граѓаните каде што се реконструираат улиците.
-Има месеци ова. Копање, пак сите рабои, нови цефки, пак нови цефки и ова не знам. Со чизми дома одам, а ние направивме петиција и со бравме потписи- рече еден тамошен жител. – Откако започнаа да ја правате ктастрофа. Илјада пати ископаа и не знам кога ќе ја направат рече неговата сосетка. – Срамота, цела година ја прават и што ќе правиме, цела кал ни иди дома. Ова е болест- рече највозрасната тамошна жителка.
На оваа реагираше и опозицијата, сметајќи дека битолчани ова не го заслужуваат.
-Ние се соочуваме со незавршени улици и неизградена канализација, водовод неизграден. Дури на една улица при поставување на коловоз, не се смена подземната инфраструктура- рече Пеце Милевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ во Битола.- Изледа како три години да спиеја и како да беа во зимски сон, па сега знаејќи дека за неполна година имаме избори, почнуваат со кочпање и со прикажување во јавноста дека нешто работат. Битолчани не заслужуваат по три години некој да почни да копа и да ги остави работите неколку месеци ископани- рече Габриела Илиевска од “Поинаку“.
Само проектот со најдолгата улица “Илинденска“ доволно говори сам за себе. Главен изведувач е струмички “Жикол“, а како подизведувачи се јавуваат еде куп фирми.
-Ни ја оставрија улицата пола не направена, а од зад мене гледате колкаво е ѓубриштето и не го фатија. Тротоарите не ги пополнија и цели останаа со дупки, па не можеме да правиме ниту утовар, ниту растовар- рече менаџерка на веледрогерија.- Се претераа доста изведувачи и подизведувачи, меѓутоа сега останавме ниту на небо н иту на земја- рече соседот.
Градоначалничката Петровска која сега е во изолација, претходно за забелешките на граѓаните, во една прилика рече дека изградбата на улицата е “машка работа“, а опозицијата и возврати преку перформанс со едно големо “ЌЕ“.
Петар Стефановски