ВО БАЛОНОТ ОД АБА 2 НЕМА НАШ НАСТАП, НО УТРЕ ПЕЛИСТЕР ИГРА СО ВОЈВОДИНА, А МЗТ СКОПЈЕ СО ОСИЈЕК

Денеска на вториот турнир од АБА 2 во Осијек нема македонски настап иако има три средби: Спарс-Ловќен, Рогашка-Широки и Хелиос-Сутјеска, но затоа утре има настапи и на Пелистер и на МЗТ Скопје. Битолчани во петок од 15 часот се среќаваат со Војводина и ја бараат втората победа во четвртото коло, а МЗТ Скопје на затворање од 18 игра со домаќинот на овој балон Осијек со тоа што успехот би бил трет за Аеродромци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста