Во Англија од октомври со публика на стадионите

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон најави враќање на публиката на фудбалските стадиони во Англија. Според планот, тој вели дека од почетокот на август ќе има пробни полнења на одредени стадиони, а од октомври целосно ќе ги отворат сите стадиони за фудбал и за крикет. Дополнително ќе го дефинираат протоколот по кој ќе се враќа публиката на стадионите, но се верува дека ќе има значителен број на мерки кои ќе треба да ги исполнат стадионите

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста